СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Владини функционери предизборно делат брашно, шеќер, кафе, сол

Функционери и оперативци на СДСМ, предводени од директорот на Царина, Стефан Богоев вршат „европска обиколка“ низ Центар и делат пакети со шеќер, кафе, сол, брашно и други производи, објави порталот Оффнет.

Фотографиите што ги објави Оффнет се испратени од читател, кој бил сведок дека кампањата „За европска Македонија“ почнува да се реализира од врата на врата во Капиштец, на улицата „Васил Ѓоргов“.

На фотографиите објавени на Оффнет може да се забележи уште еден партиски оперативец, кој воедно е државен функционер, а тоа е секретарот за јавни политики Васко Кичевски.

Коментарот на читателот е “ЕВРОПСКА ИДНИНА НА СЕВЕРЏАНИЈА”!!!

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content