Мицкоски: Повисока плата за здравствените работници од месецов

104

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека од овој месец, здравствените работници добиваат 10 проценти повисока плата и нови пет отсто заклучно со мартовската плата, што ќе биде исплатена во 2026 година.

Тој беше прашан од кога официјално ќе почне исплатата на повисоки плати за здравствените работници, откако минатата недела се постигнал договор со претставници на синдикати.

– Еден од низата историски договори што во овие пет месеци ги постигнавме, е и тој со здравствените синдикати, бидејќи беа таму повеќе.

Од овој месец, од ноември, здравствените работници добиваат 10 проценти повисока плата и нови пет отсто заклучно со мартовската плата што ќе биде исплатена во 2026 година и во зависност од состојбата во буџетот, продуктивноста и така натаму, во еден циклус од четири години можеме да дојдеме до 50 проценти повисока парична маса, што ќе биде насочена кон докторите и медицинскиот персонал – болничарите, сестрите и така натаму.

Така што, еден од тие историски договори е и тој, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање, по присуството на поставување камен темелник на градинка во населбата Расадник во Кисела Вода со капацитет за 120 деца.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content