Политика
Мирен марш на самохраните и еднородителските семејства
Мирен марш се оддржува денеска во Скопје за да се подигне свеста во јавноста за проблемите со кои се соочуваат самохраните и еднородителските семејства.

Претставници на организацијата „Една може“, кои го организираат маршот, велат дека целта на собирот е да се прикаже сликата на самохраните и еднородителските семејства пред целата македонска јавност. Велат дека се залагаат за заштита и унапредување на родовата еднаквост и женските права.