МЗ: 18 починати и 1168 нови случаи на Ковид 19

43

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3353 тестирања, а регистрирани се 1168 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-513, Куманово-68, Дебар-6, Штип-27, Прилеп-77, Тетово-65, Струга-40, Велес-36, Битола-58, Охрид-25, Кавадарци-29, Гостивар-30, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-3, Кочани-19, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-3, Валандово-6, Виница-5, Делчево-3, Кратово-11, Свети Николе-33, Кичево-42, Ресен-4, Неготино-7.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 692 оздравени пациенти од: Скопје-394, Куманово-25, Штип-27, Прилеп-22, Тетово-49, Велес-33, Битола-14, Охрид-2, Кавадарци-12, Гостивар-22, Гевгелија-12, Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-6, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-6, Виница-2, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-16, Ресен-1, Неготино-2.

 

Починати се 18 лица, пет пациенти од Скопје (61, 69, 67, 77 и 84г), двајца од Куманово (66 и 80г), еден пациент од Штип (54г), еден од Тетово (73г), двајца од Битола (82 и 73г), еден од Охрид (84г), четири пациенти од Гостивар (78, 76, 78 и 66г), еден од Струмица (55г) и еден пациент од Кратово (74г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 46062, бројката на оздравени пациенти е 26981, на починати е 1281, а бројот на активни случаи изнесува 17800.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content