СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Меѓународна недела на Филозофскиот факултет

Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје од денеска до 19 февруари ќе ја одржи третата по ред Меѓународна недела.

Од Филозофскиот факултет информираат дека оваа година, настанот се одржува онлајн, а темата е „Истражување на пандемиите низ хуманистичките и општествените науки”.

Предавања ќе имаат десет професори од универзитети од Канада, Израел, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Холандија, Полска и Словачка. Ќе биде промовиран и Еразмус проектот „Развој на нов софтвер за психомоторна ре-едеукација на деца со аутизам” од страна на координаторот од Чанаккале Универзитетот од Турција, проект во чија реализација како партнер учествува и Филозофскиот факултет.

 

Темите на предавањата се поврзани со пандемиите, но нивниот фокус е насочен кон ретко коментирани аспекти или перспективи во јавниот дискурс. Дел од насловите на предавањата се: „Општествениот живот и пандемиите: белешки за био-општественоста на инфекцијата”, „Класичниот мит и неговотo прифаќање како одговор на криза”, „Карактерното образование во време на пандемија”, „Психолошкиот контекст на прифаќање на конспиративни верувања за време на пандемијата”, „Одговорот на социјалната политика на Ковид-19″ и др. Оваа година предавачите се од дисциплините: филозофија, класични студии, историја на уметност и археологија, социологија, педагогија, психологија и социјална политика, се наведува во најавата од Филозофскиот факултет.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content