Меѓународната научна конференција „Охрид-Водици 2022″

26

На собирот организиран од Центарот за напредни истражувања, заедно со Социјалната организација за поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку (МИРАС), Универзитетот „Ајдин Аднан Мендерес” од Турција, московското списание „Руски политички науки” и Журналот за глобални процеси од Мајами, најавено е учество на над седумдесет учесници, научни работници, експерти од единаесет земји.

Отворањето на конференцијата е предвидено за денеска во амфитеатарот на Институтот за Филм-Филмската академија во Охрид, а свои поздравни обраќања пред учесниците ќе имаат градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, како и Роберт Алаѓозовски, националниот координатор за „Едно општество и интеркултурализам” при Владата на Република Северна Македонија.

Поради наметнатата ситуација предизвикана од коронавирусот годинашната конференција ќе се одржува хибридно, со физичко присуство и онлајн преку платформата Зум.

На научниот собир најавена е презентација на повеќе од 40 научни труда.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content