СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Меѓународен инвестициски форум во Скопје

Меѓународен инвестициски форум ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Стопанската комора на Северна Македонија.

Форумот е дел од проектот „Газели – организирање забрзан раст за потенцијалните иновативни МСП”, а комората го организира во соработка со партнерските организации од Грција, Кипар и од Бугарија. Со проектот се промовираат и поддржуваат мерките во рамки на балканската мрежа на бизнис-ангели меѓу земјите учеснички, преку поддршка на капацитетот на малите и средни компании за да растат на регионалните, националните и на меѓународните пазари и да се вклучат во иновативните процеси.

-Главната цел на форумот е да се охрабрат и да се поддржат иновативните и брзорастечки мали и средни компании, бизнис-ангели (БА) од балканско-медитеранските земји, и тоа од Северна Македонија, Грција, Кипар и од Бугарија, да ги претстават своите активности и очекувања, со можност да бидат поконкурентни на пазарот и да ја зајакнат соработката со другите странски компании, особено со земјите од балканско-медитеранската област. Крајната цел на проектот е воспоставување балканска мрежа за поддршка на иновативните брзорастечки компании, соопшти Стопанската комора на Северна Македонија.

Најавени се изјави од проф. д-р. Леонид Наков, професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Скопје- Центар за економски истражувања и од проф. Антонис Ливиератос, професор при Националниот и Каподистријански универзитет во Атина.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content