Ова значи дека на угостителските дејности за целиот период во кој се затворени ќе им бидат супституирани 30 проценти од приходите и дополнително ќе им се дадат 50 отсто од бруто минималната плата за секое вработено лице.
Најверојатно сега ќе изостане класичната помош со субвенционирање на платата мерка која се даваше во пакетите порано. ВО овој стимул ќе имасепак, како што најави синоќа вицепремиерот Фатмир Битиќи, помош за исплата на дел од платата на вработените во угостителството.
Владата најверојатно ќе прифати, ако се задржи позитивниот тренд на намалување на бројот на заболени да се отворат угостителските објекти со отворените тераси. Тоа им оди во прилог иако тие во периодов изразуваат силен револт, а за денеска туристичко угостителската комора најави и протест пред Министерството за финансии.
Тој очекува дека ќе има интерес во однос на бескаматните кредити за фирмите. Овој модел, рече, е добар и ќе им помогне на компаниите да ја подобрат ликвидноста, но не само сега, туку и понатаму да опстанат.
Според вицепремиерот, се креираат и законски решенија за даночни олеснувања кои годинава би се реализрале како мерки.
Инаку протестот на угостителите и туристичките работници е денеска на пладне. Протестираат околу 6.000 фирми од двата сектори и нивните вработени, а ќе им се приклучат и игротеките и многу други сектори кои се целосно затворени. Од комората повторија дека ќе останат на улица се додека не им се исполнат барањата.