СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Блесна елката пред „Рокфелер“ во Њујорк

Светна божиќното дрво пред њујоршкиот „Рокфелер центар“. Висината на норвешката смрека е 24 метри.

Покриена е со повеќе од 50.000 светлки во боја на виножито, а на врвот е поставена ѕвезда обложена со кристали тешка околу 400 килограми. На свеченоста присуствуваа многу гледачи, за разлика од лани, кога пристапот беше ограничен поради пандемијата на коронавирус.

На сцената излегоа музичарите Нора Џонс, Хери Коник помладиот, Бред Пејсли и Алеша Кара. Настанот одеше во живо. Првата елка пред „рокфелер“ беше поставена во 1931 година, од кога и трае традицијата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content