СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Матурантите бараат укинување на завршниот испит

На 4 и 13 јуни пријавените матуранти треба да го полагаат испитот на зрелоста, односно државната матура. Околу 2.000 матуранти од генерацијата 20182022 бараат укинување на испитите, а како главна причина го наведуваат недостигот од, како што велат, квалитетна настава од почетокот на пандемијата со ковид-19, проследена со импровизирано учење на далечина во второто полугодие од учебната 2019/2020 година.

Ваквиот модел на настава резултираше со слабо усвоени знаења поради неорганизираноста од ваша страна, инертноста на дел од наставниот кадар кој мораше да импровизира без јасни насоки, пишува во барањето од неформалното здружение на матуранти.

Како причини поради кои бараат да не се полага државна матура, матурантите го наведуваат задоцнетото стартување на учебната година лани и кратењето на наставната програма, а велат и дека големо влијание врз матурантите ќе има и генералниот штрајк на СОНК кој траеше три недели, а за тоа време не се одржуваше настава.

Второто полугодие од оваа, 2021/2022 година започна со задоцнување од две недели, а дополнителни три недели од наставата беа изгубени поради штрајкот кој беше организиран од СОНК. Претходно голем дел од наставата се одвиваше на далечина поради изолација на класови со пријавени позитивни ученици (или наставници) поради симптоми на коронавирусот. Со оглед на тоа што во рамките на четиригодишното средно задолжително образование, квалитетна настава имавме во временска рамка од една ипол година т.е. во помалку од половина од времето предвидено да го заокружиме истото, сметаме дека нашето барање е во целост разумно и оправдано, потенцираат од неформалното здружение.

Директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска, пак, им порача на мтурантите да не очекуваат дека матурата ќе се укине, туку да ги искористат преостанатите денови и да го повторат научениот материјал. Таа вели дека рокот до полагањето е кус, а за барањата што се однесуваат на укинување на матурскиот испит се потребни време и законски измени во Собранието.

За да се смени Законот за високо образование, мора такви измени да се гласаат во Собранието, а тоа е долга процедура. Во 2019 година имаше техничка влада, односно немаше парламент, па Владата можеше да носи одлуки со законска сила поради пандемија и затоа тогаш беше одлучено да нема матура за таа генерација. Сега нема пандемија, сите мерки се укинати, институциите функционираат, вели Наумовска.

Средношколците се закануваат со бојкот на наставата и излегување на  протести доколку не бидат прифатени нивните барања.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content