„Матурската парада“ ќе се одржи утре, ќе учествуваат близу 2.000 матуранти од Македонија

32

Овогодинешната „Матурска парада“, ќе се одржи утре, точно напладне, во Скопје на Плоштадот „Македонија“.

Учество на „Матурската парада“ ќе земат 6 земји: Словенија, Србија, Словачка, Македонија, Црна Гора и Унгарија со педесетина градови.

Во Република Македонија ќе учествуваат матурантите од Скопје, Гевгелија, Охрид и Струга.

Вкупната бројка на обучени матуранти во Скопје е 400, а во останатите градови во Република Македонија вкупно околу 1.500 матуранти.

Во Скопје годинава ќе учествуваат следните средни училишта:

Васил Антевски – Дрен, Владо Тасевски, Михајло Пупин, Раде Јовчевски – Корчагин, Здравко Цветковски, Димитар Влахов, Арсени Јовков, Браќа Миладиновци, Кочо Рацин, Шаип Јусуф, Гепрги Димитров, Панче Караѓозов, Јосип Броз Тито, МБУЦ Илија Николовски – Луј.

Организатор за Република Македонија: Дирекција за култура и уметност на Скопје во соработка со Танцов спортски клуб „Ритам плус“.

Покровител на манифестацијата во Скопје е Градот Скопје, а поддржувач Делагација на Европската Унија во Република Македонија

Во изминатите четиринаесет години учествувале матуранти од стотина градови од Македонија, Словенија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Романија, Бугарија, Албанија, Украина, Унгарија и Австрија и вкупната бројка на учесници надминува 450.000 матуранти.

Покрај ова, во последните години составен дел на подготовките и на самата завршна манифестација е кажувањето на изјавата – “заклетва” за ненасилство од страна на учесниците во сите градови во земјите во кои се одржува “Матурската парада”, на тој начин не само што во исто време на иста музика во различни градови танцуваат младите, тие, генерациите кои ќе го градат светот во иднина, во исто време од различни делови на светот ја испраќаат пораката за ненасилство, мир и толеранција.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content