Масовната експлоатација на мермер, го доведува во прашање на квалитетот на водоснабдувањето во Прилеп

42

Масовната експлоатација на мермери  во околината на прилепското Вештачко езеро, се повеќе го загадува изворот „Леково“, а чија вода влегува и во градскиот водовод. Оваа појава станала многу загрижувачка во последниве дваестина дена, заради што околу двеста сопственици на викендици, денеска два часа го блокраа патот кон рудниците.

„Се работи за отворен рудник со широк коп. Пред 8-9 години добиена е концесија да ископува руда…Барањето е зошто е дадена концесија на рудникот кога во Законот за води стои..дека минимум 500 метри не смее да има никакви ни животни да се вртат околу изворот, а не пак да се ископува руда…Со самото нивно копање ние велиме дека водата ќе ја снема… – вели Зоран Тодороски.

 

Овој извор е еден од најстарите и природно најиздашните извори со квалитетна вода, што е особено важно во ова време кога секоја капка се брои, вели директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески, и додава дека единствен начин да се заштити изворот е да престане експлоатаијата на рудникот лоциран над Лековскиот извор.

Сопственикот на спорниот Рудник, Блаже Тодороски во телефонскиот разговор за Алфа, ги отфрли овие обвинувања. Тој, повикувајќи се на Министертсвото за животна средина, тврди дека се било според Закон и дека проблемот најверојатно бил од соседниот Рудник и од Рудникот на Мермерниот комбинат кои, за разлика од него, експлоатацијата ја врешеле со минириње.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content