СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Кои жени имаат најголем, а кои најмал задник?

Ќе бидете изненадени кога ќе видите од што зависи големината на женскиот задник!

Направена е дури и ранг-листа на земји од светот.

Во последните децении, позаоблените и поголеми женски задници станаа многу пожелни. Во прилог на ова говори и порастот на естетските процедури во кои на девојките и жените им се имплантира силикон во задникот. Една нова студија анализирала кои жени природно имаат најголем, а кои најмал задник.

Како што пишува „New York Post“, дамите од Јужна Африка се на врвот на оваа листа, односно, имаат најраскошна „позадина“. Зад нив биле Аргентинките, па Швеѓанките, потоа следеле Гркинките, Германките и Британките.

-Дознавме дека големината на колковите, а соодветно на тоа и големината на задникот, може значително да варира во зависност од повеќе фактори како што се: возраста, етничката припадност и географската локација – се наведува во оваа не толку вообичаена анализа на податоци од различни извори.

Жените од Австралија се рангирани на седмото место, со обем на задникот и колковите од околу 103 см, додека Канада е на деветтото место со нешто помал обем на колковите и задникот, т.е. околу 102 см.

Кога станува збор за овој дел од светот, на дното на оваа листа се нашле Французинките. Помали задници од нив имале жените од азиските земји, особено во Јужна Кореја, додека Индијките се нешто подобри и се нашле на 16-тото место со обем на колковите и задникот од околу 91 см.

Меѓу последните дами на листата се нашле Кинезинките и Јапонките.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content