Малиот тропски остров заработува милиони долари поради својот интересен интернет домен

22

Островот Ангила годинава би можел да заработи десетина милиони долари само поради својот интернет домен којшто завршува со .A.I.

Ангила има околу 13.500 жители и многу популарен домен чија екстензија е AI, односно кратенка за вештачка интелигенција (Artificial Intelligence).

 

Тој домен островот го поседува од 90-те години на минатиот век, меѓутоа од скоро повторно станал популарен, особено од крајот на минатата година кога интересирањето за вештачката интелигенција се зголеми по лансирањето на ChatGTP.

Поради таа причина сѐ повеќе технолошки стартапи, но и големи познавачи на IT-компаниите (вклучувајќи ги и Google и Microsoft) се регистрираат на AI домените за на своите страници да привлечат посетители кои се заинтересирани за вештачката интелигенција.

Минатата година бројот на регистрирани домени на овој остров се удвоил на 287.432, а годинава се очекува уште поголем раст на бројот на негови корисници кои според процените на тамошните регистри на националниот интернет домен би можеле да донесат приходи од 25 милиони до 30 милиони долари.

 

Колку пари се ова за Ангила покажува податокот дека БДП-то на целиот остров во 2021 година изнесувал 300 милиони долари.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content