СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Прилеп борец, херој хуманитарец – хуманитарен концерт за лицата со цистична фиброза (ВИДЕО + ФОТО)

По иницијатива на локалната самоуправа а во соработка со асоцијацијата за цистична фиброза во центарот на Прилеп се одржа хуманитарен концерт , под мотото “Прилеп борец , херој хуманитарец” , на кој  свој настап имаше прилепската група  ” The Hounds” “Овој настан е уште една можност се разбира во интерес за пациентите со цистична фиброза , да се биде гласен , да се подигне гласот во пресрет и на одбележувањето на европскиот ден за цистична фиброза 21 ноември а ваквите активност се важни за подигање на свеста и поддршката за пациентите со цистична фиброза, главно деца и млади.Треба перманентно да се потсетува дека цистичната фиброза треба да биде заедничка битка” , вели Елизабета Ангелеска – Атанасоска, член на асоцијацијата за цистична фиброза.Секоја активност , вели таа која е во интерес на децата и младите  со цистична фиброза заслужува и почит и внимание.

Во моментов во Македонија , само 12 пациенти го земаат лекот “трикафта” и неговата ефикасност не значи ништо за оние пациенти и семејства кои не го земаат лекот  во битката со оваа болест.Борбата останува иста , трикафта за сите , лек за сите велат од асоцијацијата за цистична фиброза.Во земјава се регистрирани околу 140 пациенти со цистична фиброза а од Прилеп се двајца, едниот од нив има 32 години.

Извор: Радио Пела.
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content