Максим го најави движењето

32

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски најави дека со своите приврзаници ќе формира граѓанско движење по примерот на движењето „За наше Куманово” кое беше формирано за локалните избори и дека пред граѓаните на парламентарни избори ќе се излезе со реално прифатливи политики како понуда со кои првенствено ќе се направи ред, правен поредок и просперитет на државата, со акцент на економски развој и владеење на правото.

„Ќе направиме пресврт во општеството, политиката да биде во функција на граѓанинот, а во однос на Бугарија, добри соседски односи кога таа земја ќе ѝ мисли добро на Македонија“, вели тој за МКД. Мк

Според него тоа ќе биде движење со лев карактер и со централни политики по однос на националните прашања на државата.

„Никогаш немам кажано нешто негативно за мојата партија СДСМ, но ќе потенцирам дека луѓето кои што во моментов ја водат и менаџираат СДСМ се далеку од социјалдемократските вредности и партијата ја трансформираа во своевидна приватна фирма, или пак може да се дефинира како груевизам“ изјави тој.

Димитриевски додаде дека движењето е веќе регистрирано во Куманово како невладино, а во моментот кога ќе добијат информација за времето на одржување на следните парламентарни избори, движењето ќе биде официјално промовирано во јавноста.

Димитриевски истакна дека има експерти од буквално сите општествени области.

– Станува збор за врвни интектуалци, теоретирачи и луѓе од праксата, како и за луѓе од реалниот бизнис, но и успешни работници и земјоделци, како и од други категории на луѓе и професии, рече тој.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content