Македонците се посиромашни од лани

31

Со овогодинешната заработка можат да купат 197 литри помалку дизел, 104  литри помалку земјтин, 147 килограми шеќер и 57 литри помалку млеко од лани. Според експертите ова се случува затоа што цените растат побргу од платите.

Растот на платите ја губи „битката“ со значително поголемиот раст на цените на мало, на избрани производи и услуги важни за потрошувачката на граѓаните. Растот на цените не енергенсите се темели главно на увозната компонента, односно на растот на берзанските цени. Овој тренд ја натера и НБРСМ да ја зголеми таргетираната стапка на инфлација од 1,5% на 2,2% за 2021 година, вели даночниот експерт Павле Гацов.

 

И статистика измери раст од 4 проценти на цените на производите за една година, и скок од 2, 5 отсто кај трошоците на живот.

Од владата пак уверуваат – економијата полека заздравува, платите се зголемуваат, но и вработувањето.

И покрај зголемувањето на цените од владата не очекуваат зголемување на процентот на инфлацијата, останувата на  проекциите од 2, 1 процент од БДП.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content