Македонските кошаркарски надежи ја вратија самодовербата со убедлив триумф над Словачка

45

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години, денеска ја оствари првата победа на Европското првенство Б дивизија, кое се игра во Скопје. Избраниците на македонскиот селектор Никола Василев заслужено ја совладаа Словачка со 81:64. Ова е прв триумф за македонските надежи на ЕП по неочекуваниот пораз на стартот од Чешка.

Македонија предводена од центарот Теодор Симиќ на полувреме замина со 12 поени предност, а не дозволи никакво изненадување и во вториот дел од натпреаврот. Симиќ го заврши натпреварот со 16 поени, 8 скокови и 3 асистенции.

Македонија сега има пораз и победа по воведните две кола, а следен противник ќе и биде Бугарија во вторник.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content