Македонија слави 30 години независност

69

На денешен ден во 1991-ва година беше прогласено дека Република Македонија ќе оди по сопствен пат, како независна и суверена држава. Денес Република Македонија својата независност ја потврдува во најмоќниот воено- безбедносен сојуз НАТО и како кандидатка за членство и во најсилната економска заедница на светот, Европската унија.

Осми септември, важен датум од историјата, ден кога пред три децении граѓаните на референдум се изјаснија за независна држава. На оваа дата 1991-ва година со убедливо мнозинство, над 95% од граѓаните што излегле на референдумот, позитивно одговориле на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“.

На референдумот му претходела Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски парламент што ја усвоил на 25-ти јануари 1991-ва година.

По затворањето на избирачките места, граѓаните спонтано се собирале на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, каде пред насобраните граѓани се обратил идниот прв претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.

Референдумското изјаснување во соседните земји не наишло на одобрување. Атина го оценува референдумот како скопска опасност за Грција. Бугарија најавува дека ќе ја признае државата, но не и нацијата, а Албанија го одобрила бојкотот на албанската етничка заедница во земјата.

Во изминатите три децении, земјата се соочи со воен конфликт, оспорувања, вета и многу политички искушенија, а излезните решенија станаа нејзин политички капитал и поуки за иднината.

Денес Република Македонија својата независност ја потврдува во најмоќниот воено-безбедносен сојуз НАТО и како кандидатка за членство и во најсилната економска заедница на светот, Европската унија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content