Македонија работи на национална стратегија за вештачка интелигенција

56

Свои размислувања и искуства на темата презентираа претставници на компании кои со поддршка од ФИТР успеаа да развијат успешни проекти од оваа индустрија: Светлана Кордумова Трајанова-Pixyle.ai, Христијан Ѓорески од Aidea Lab, Нино Карас од Codewell unlimited, Дашмир Истрефи од Hoyo Tech и Александар Савески од компанијата Si-mAInd. За време на настанот свое обраќање имаше Фатмир Битиќи, Вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

“ФИТР ќе продолжи да биде двигател на промените во општеството. Затоа ќе иницирам во Владата да се креира работна група која ќе работи на Националната стратегија за вештачка интелигенција, која ФИТР институционално ќе ја предводи. А која потоа ќе влезе и во големата слика за развојот на државата, а тоа е Националната развојна стратегија 2021-2041” изјави Фатмир Битиќи, Вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

 

Иницијативата за креирање на Национална стратегија за вештачка интелигенција претставува почеток на заложбите на Владата и ФИТР која ќе овозможи дигитална трансформација на целата индустрија, ќе им овозможи на компаниите да ги надминат предизвиците со кои се соочуват и ќе создаде можности за развој на вештачката интелигенција од страна на компаниите.

“Оваа индустрија има голем потенцијал за развој во нашата земја, но сепак факт е дека потребни им се огромни финансиски средства на компаниите за да започнат. Со креирањето на Национална стратегија за вештачка интелигенција, ќе им дадеме шанса на многу иновативни стартап компании да ги реализираат своите идеи и проекти. Бројката од 6 компании од областа на вештачка интелигенција кои се поддржани од ФИТР, во износ од 441.737 евра, се надевам дека во иднина ќе прерасне во многу поголема бројка на иновативни компании кои сме ги поддржале”, истакна Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Пристапот до дата центри, потребата од соодветно образование како и потребата од моќна опрема се главните предизвици со кои се соочуваат компаниите кои развиваат иновации базирани на вештачка интелигенција, истакнаа претставниците. Сепак, сите се сложни дека донесувањето на Национална стратегија за вештачка интелигенција ќе им донесе многу придобивки за нив како компании кои веќе развиваат иновации но и за сите кои сакаат да започнат да развиваат во оваа насока. На истото се надоврзаа и Светлана Кордумова Трајанова, од компанијата Pixyle.ai и Дашмир Истрефи од Hoyo Tech кои истакнаа дека раните успеси на ова поле се сеуште на почеток, но тие веруваат дека Македонија има потенцијал да ги следи и применува ваквите иновации и набрзо сите да ги осетат придобивките од оваа револуционерна технологија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content