Македонија официјално во рецесија

43

Пад е регистриран и кај извозот и  увозот, но и кај домашната потрошувачка. Единствено раст има јавната потрошувачка. Статистика ги ревидираше и податоците за првите два квартали и тоа во надолна линија. За Владата падот во третиот квартал е очекуван и сметаат дека минусот на БДП до крајот на годината нема да биде поголем од 4,5 проценти.

За разлика од Владата, проекциите на НБРМ се многу полоши. Очекуваат годинава да се заврши со пад на домашната економија  од  – 4,9 проценти, а закрепнувањето ќе биде по 2022.

 

Намалување  ќе  има во речиси сите сегменти, извозот,  домашната потрошувачка, увоз, инвестициите, дознаките од странство. Иако од НБРМ не прецизираа колку ќе достигне јавниот долг, дали тој ќе го надмине прагот од 61 процент од БДП, од НБРМ со препорака до владата внимателно да се трошат буџетските средства.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content