Македонија ОДАС открива потресен булинг на момче во ОУ Војдан Чернодрински од страна на наставници (Видео)

28

По потресниот случај на булинг од страна на наставници во основното училиште Војдан Чернодрински, разговаравме со сестрата на малтретираниот ученик.

Таа вели дека нејзиниот помал брат бил омаловажуван и навредуван и бил приморан од страна на еден од наставниците да ја крене маицата, да ги испразни џебовите и да го истури ранецот на земја.

Сестрата на ученикот изјави: “Откога дознавме за случајот, тој сега посетува психолог. Во меѓувреме нашите родители поднесоа пријава за дисциплинска постапка против двајцата наставници и го пријавија насилството во полиција и просветниот инспекторат, а од директорката на училиштето добија понуда тој да добие петки, доколку нашите родители ја повлечат пријавата. Секако, тоа во ниеден момент не беше опција, бидејќи не сакаме ниту мојот брат, ниту кое било дете да се соочува со тоа што се соочи мојот брат.”

Таа смета дека училиштето е простор каде децата треба да се чувствуваат безбедно и среќно, но се повеќе се случуваат настани кои докажуваат дека тоа не е така во реалноста.

Од ОДАС изјавија дека менталното здравје е многу важно во развојот на децата. Тие треба да се чувствуваат безбедно на училиште и да не чувствуваат страв од соучениците, а уште помалку од наставниците.

“Насилството од наставниците кон учениците е длабоко загрижувачко прашање што ја побива самата цел на образованието.Неприфатливо е злоупотребувањето на моќ и позиција од страна на наставниците и директорите на училиштата. Насилството од наставниците кон учениците е сериозен проблем кој бара итно внимание и силни мерки.” Тие ги повикаа надлежните институции и државните чинители да го решат случајот што побрзо и да не дозволат вакви случаи да се повторат. Претседателката на ОДАС, Анисија Угриновска, која ја извршува функцијата Младински делегат за Македонија во Организацијата на Обединетите нации, изјави дека таа лично ќе се погрижи случајот да дојде до ушите на агенциите на Обединетите нации.

Бидејќи учениците во основно образование немаат форми на ученичко здружување, како средношколска и студентска организација ОДАС ја презема иницијативата за да даде поддршка на нашите најмлади.

Тимот на ОДАС

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content