СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Македонија не влезе во финалето на Евросонг

Македонскиот претставник Васил Гарванлиев не се пласираше во финалето на годинашниот Евросонг, што се одржува во Ротердам, Холандија.

Тој вечерва настапи шести и ја испеа песната Here I Stand, која ја напиша самиот.

Од 16. земји учеснички кои пееја во првото полуфинале, десет влегоа во финалето: Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија, Украина. Тие заедно со уште десет земји од второто полуфинале, земјата домаќин Холандија и членките на големата петорка: Италија, Франција, Германија, Шпанија и Велика Британија, ќе настапат во финалето што ќе се одржи во сабота, на 22 мај во „Ахој“ арената.

 

Второто полуфинале ќе се одржи на 20 мај (четврток) од 21 часот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content