Македонија на 111 место според индексот на корупција на Транспаренси Интернешенл

35

Индексот користи скала на бодови од нула (многу корумпирана земја) до 100 (некорумпирана земја). Ова место Македонија го дели со Босна и Херцеговина и Монголија. Во регионот пред Македонија се Хрватска на 63-то место, Црна Гора на 67-то, Бугарија на 69-то, Србија на 94-то и Косово на 104-то место. На врвот, првото место го делат Данска и Нов Зеланд со 88 бодови.

Следуваат Финска, Сингапур, Шведска, Швајцарија, Норвешка Холандија и Германија. Индексот рангира 180 земји и територии според нивните перцепирани нивоа на корупција во јавниот сектор, врз основа на 13 експертски проценки и истражувања на деловни директори.

 

За 2020 година Индексот го потенцира влијанието на корупцијата врз одговорите на владите на ковид-19, споредувајќи ги перформансите на земјите со нивните инвестиции во здравствената заштита и степенот до кој демократските норми и институции се ослабени за време на пандемијата. Индексот за перцепција на корупцијата открива дека постојаната корупција ги поткопува здравствените системи и придонесува за демократско назадување во услови на пандемијата.

Земјите кои добро се однесуваат на индексот инвестираат повеќе во здравствената заштита, се подобро способни да обезбедат универзално здравствено покритие и поретко ги кршат демократските норми и институции или владеењето на правото, се вели во Индексот за перцепција на корупцијата.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content