Македонија меѓу земјите со најголем пад на жители и во наредните децении

43

Македонија до 2050 година ќе загуби речсии 11 отсто од сегашниот број жители, доколку продолжи актуелниот тренд на намалување на населението, објави порталот Visual Capitalist, повикувајќи се на податоци од Обединетите нации и Светска банка.

До 2050 година, населението во земјава, ќе се намали за дополнителни 10,9 отсто, односно во Македонија ќе живеат близу 200.000 луѓе помалку од денес. На врвот на оваа листа е Бугарија, чие население се очекува да се намали за 22,5 отсто во следните 28 години и да достигне 5,4 милиони луѓе (пад од 60 отсто од 9 милиони во 1987 година). Понатаму следат Литванија, Летонија, Украина и Србија. Статистичките податоци и досега покажуваа дека во земјава има низок наталитет, а населението старее. Иселувањето е фактор кој ја влошува демографската слика на Македонија.

Меѓу 20-те земји во кои ОН предвидуваат населението најмногу да се намали до 2050 година, се наоѓаат сите земји од регионот Западен Балкан.

Според податоците од минатогодишниот попис Македонија загуби преку 185.000 жители во споредба со претходниот попис, одржан 2002 година.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content