Македонија во следните 20 години ќе загуби уште 200 000 жители

75

Ние сме нација што одумира. Вака социјалозите ги коментираат проекциите на Обединетите Нации и Светската банка кои предвидуваат дека до 2050 година земјава ке загуби скоро 11 отсто од сегашниот број жители. Причина за ваквата црна демографска прогноза  е нискиот наталитет,  но и иселувањето на младото население. Професорот Миноски, вели дека  младите се иселуваат пред се поради економски мотиви, но и поради чувтсво на несигурност и разочараност  во македонското општество кое одамана не е функционално.

Реформите за кои се залага власта се само декларативни, а не суштински, вели Миноски.  Се потфрла на секој чекор, затоа што нема вистински научни и стручни анализи за она што ни се случуваше  изминативе години во секој сектор.

Според социологот, договорите со Грција и Бугарија дополнително го разнишаа општеството и идентитетот,  подгревајки ја атмосферата дека работите се менуваат на полошо.

И последниот попис покажа дека во изминатите 20 години Македонија загуби повеќе од 200 000 жители.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content