Македонија барала податоци на корисници на социјални мрежи – и одобриле скоро пола

23

Македонија е во активните држави во регионот по активноста на барања на кориснички податоци од социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, покажуваат последните извештаи на компанијата Мета за 2022 година.

Овие податоци вклучуваат кориснички имиња, датуми на регистрација, должина на користење на мрежата, но често и IP адреси, како и содржината на самите сметки.

Овие информации често се користат од страна на државите како дел од официјалните истраги, обично поврзани со кривичната постапка. Од компанијата сепак истакнуваат дека секое барање не се одобрува автоматски. Секое барање се проверува детално за да се види дали е „правно задоволително“, а одлуката за одобрување се носи дури по таа проценка

Македонските владини институции во 2022 година поднеле 153 барања за пристап до кориснички податоци од кои Мета одобрила речиси половина односно околу 45%.

На врвот е која Србија поднела најмногу барања за пристап до кориснички податоци во регионот. Одобрени се речиси 75% од вкупно 472 барања за 2022 година, делумно или целосно.

Хрватска ја следи Србија со 178 барања, додека Црна Гора поднела најмалку барања, само 50.  Босна и Херцеговина има одобрени 67% од вкупно 158 барања.

Гледајќи ги податоците на светско ниво, може да се забележи дека бројот на кориснички податоци што ги бараат државите е зголемен од 716 на дури 828 илјади, што секако укажува на зголемена контрола на податоците што се користат на Интернет.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content