Лејкерси поведоа во конференциското финале против Денвер Нагетс

25

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс поведоа во конференциското финале на Западот во дуелот со Денвер Нагетс (126-114).

Ентони Дејвис го доби директниот дуел со Никола Јокиќ и беше лидер кај фаворитот. Леброн Џејмс имаше тивка ноќ во кој ги разигруваше соиграчите и офанзивата ја стави во втор план.

 

Тимот на Френк Вогел одигра одлична одбрана и покрај тоа што кај противникот се чувствуваше заморот од седумте меча против ЛА Клиперс. Денвер не беше на посакуваното ниво и го одржуваше резултатскиот приклучок само во првата четвртина, која ја доби со минимални 38-36.

Остатокот од мечот им припадна на „езерџиите“ кои силовито ја започнаа серијата и покажаа зошто се фаворити меѓу преостанатите четири кандидати за НБА титулата. Дејвис заврши со 37 поени и десет скока, Леброн запиша скромни 15 поени и подели 12 асистенции. Јокиќ и Мареј беа најдобри стрелци кај поразената екипа со по 21 поен.

Во финалето на Истокот, Мајами има сигурна предност по првите два меча против Бостон Селтикс. Третото соочување е закажано вечерва на кое избраниците на Бред Стивенс немаат право на грешка.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content