Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

24

Наместо, тоа, таа инсистира да се вработат осумаесетмина на кои им истекле договорите за дело, а меѓу нив има лица кои немаат соодветно образование.

Беќаровски кој е раководител на Одделението за интензивна нега на Клиниката рече дека едниот од нив, болничар, вршел притисок врз лаборантот урина во која имало наркотици, да биде сменета со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил.

За образованието на Иљази, лекарите не знаат ништо, ниту за познавањето на јазици – со оглед на тоа што македонскиот не го зборува.

„Сите разговори ѝ ги преведува друго лице, кое е меѓу тие 18 лица за кои таа инсистира да се вработат“, рече Беќаровски, додавајќи дека се работи за луѓе кои иако немаат никаква обврска, доаѓаат на работа, облекуваат мантили и доаѓаат и на визита.

Во моментов не функционира Токсиколошката лабораторија, докторите се снаоѓаат со тестови и со еден лаборант, и тие им се за нивна внатрешна употреба чисто да знаат за какво труење станува збор.

„За шест години се сменија и министри и пет директори. Секој си носеше свои кадри и стигнавме до седум-осум административци и две-три секретарки“, кажа д-р Беќаровски.

За присутните лекари на прес-конференцијата, Беќаровски рече дека сите тие се реномирани доктори со над 25 години стаж и не се политички активни, па одбиваат да бидат вклучени во какви било политички конотации.

Министерот за здравство Илир Демири најави денес дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски, но не и економската директорка бидејќи немал сознанија за прекршок. На новинарско прашање какво образование има Иљази, министерот рече дека има високо образование, но не знае какво.

Вработените од оваа Клиника тврдат и дека Иљази го зголемила долгот на инстутуцијата, не доаѓа на работа и не потпишува клучни документи. Иљази беше назначена на 14 февруари, на ден пред формирањето на техничката влада.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content