ЛЕБОТ И МЛЕКОТО СЕ ПОЕВТИНИ ВО ГЕРМАНИЈА

27

Од опозициската партија тврдат дека основните прехранбени производи во Македонија, имаат повисоки цени од цените во Германија.

Од ВМРО-ДПМНЕ испратија критики до Владата на Република Македонија, за задоцнетата и лошо водена економска политика, со која неуспешно се одбегна ценовниот шок на пазараот.

Потрошувачката моќ на граѓаните е сè послаба, затоа што платите не се доволни за живот, ниту две минимални плати не стигнуваат за нужни трошења. Повеќе од 3000 денари е потрошувачката кошница за разлика од пред две години. Ако на сето тоа го ставиме секојдневното зголемување на горивата, цената на електричната енергија која веќе неколку пати е зголемена, а најавите се дека ќе биде и до плус 20 % зголемена, реалноста е дека сме во тешка и невидена економска криза – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија тврдат дека основните прехранбени производи во Македонија, имаат повисоки цени од цените во Германија.

Јавноста компарира цени на производи од земјите во ЕУ во споредба со цените тука, нелогично е на основни производи цените во Македонија да се повисоки од цените во некои земји на ЕУ чии просечни плати се 2000 евра. Не може млекото и лебот и останати производи да се поевтини во Германија отколку кај нас – порачаа од опозицијата.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content