СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Со мал трик, вашата вештачка елка ќе изгледа како вистинска за неколку секунди

Ако преферирате да украсите вештачка елка, тоа не значи дека не можете да уживате во мирисот што би го имале доколку е вистинска.

Доколку сте се одлучиле за вештачка елка, но би сакале да ја мирисате вистинската, не грижете се, бидејќи тоа можете да го постигнете додека трепнете благодарение на едноставен трик.

Се што ви треба е неколку капки есенцијално масло и една шишарка.

Земете шишарка и ставете неколку капки есенцијално масло од бор или чемпрес. Вашиот дом за миг ќе мириса вака, а неодоливиот мирис на дрвото истовремено ќе го подобри вашето здравје.

Имено, докажано е дека слаткиот мирис на етеричното масло од чемпрес опушта и освежува, исто како етеричното масло од бор.

Дополнително, ароматерапијата со есенцијално масло од бор помага при бронхитис, грип, болки во грлото, синузитис и проблеми со дишењето.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content