СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Клуч на врата на пекарниците во Германија и Белгија

Високите цени на енергијата и природниот гас ги доведуваат пекарниците на работ на егзистенција. Едноставно, како енергетски интензивен сектор, пекарниците неминовно се осудени на постојано работење на нивните фурни, што станува неисплатливо со зголемувањето на цената на струјата.

Кога на сето ова ќе се додаде и инфлацијата во џебовите на клиентите, пекарниците се соочуваат со притисокот да ги затворат своите семејни бизниси по години и години работа. На пример, цените на природниот гас неодамна се зголемија за осум пати во Белгија, заедно со цените на брашното кои се удвоија и цените на маслото за јадење четирикратно, јавува Anadolu Agency.

Сето тоа го натера Белгиецот Адем Езел, по речиси 20 години бизнис, на кратко да ја спушти престилката и да ги затвори вратите од пекарата Думон за клиентите.

Според него, сметките за енергија скокнале од 1.342 евра на почетокот на 2021 година, на 1.860 евра во првите месеци од оваа година, па дури и 11.836 евра во септември.

– Сметките за гас се зголемија од 1.400 евра на 10.800 евра, а сметката за струја околу 2.800 евра, вкупно 15.000 евра, што е многу голема сума – рече тој.

Тој додава дека цената на тон брашно скокнала од 450 на 850 евра, додека маслото за јадење од 0,9 на 4 евра.

– Под овие услови не можеме да останеме отворени повеќе од две-три години – рече Адем.

Се затвора пекарница стара цел век

Слична е ситуацијата и во Келн, каде Енгелберт Шлехтримен (58) решил да ја затвори речиси столетната семејна пекарница, позната по кифличките, ржаниот леб и чоколадните колачи. Како што објаснува тој, по 90 години пекарата ќе ги исклучи рерните следниот месец бидејќи веќе не можат да си го дозволат поскапувањето на енергенсите.

Пекарата ја отвориле неговите баба и дедо пред Втората светска војна, а Шлехтримен бизнисот го наследил од својот татко на 20-годишна возраст.

Со текот на годините, тој ја иновираше пекарата, претворајќи ја во органска која користи традиционални рецепти без употреба на адитиви во кујната.

Сепак, ниту овие новитети нема да можат да ја спасат пекарата од затворање.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content