Кумановци добија бесплатен јавен превоз

31

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека на денешната Седница, Советот на општината го прифати неговиот предлог и едногласно донесе одлука за субвенционирање на јавен линиски превоз во наредните шест месеци со тенденција да продолжи и во иднина.

„Со оваа одлука граѓаните во наредниот период ќе можат бесплатно да го користат јавниот линиски превоз за своите потреби. Во време на економско-енергетска криза граѓаните на Општина Куманово добиваат можност за значителни заштеди во семејниот буџет. Со ова, ќе придонесеме за намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и намалување на загадувањето. Дополнително, ќе се стремиме да се унапреди нивото на услуга во јавниот линиски превоз во Куманово и да стимулираме што е можно повеќе граѓани да користат јавен превоз за сопствените потреби“, потенцира Димитриевски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content