Крушево атрактивен за планински туризам

32

Крушево располага со големи потенцијали за планински велосипедизам и ќе се градат патеки, констатираа швајцарските експерти кои овие денови ги посетија и ги анализираа терените околу Крушево за развојот на планинскиот велосипедизам и привлекувањето туристи со оваа нова атракција по параглајдерството што ќе ја потполни понудата за алтернативниот туризам.

Крушево ќе ги добие патеките за планински велосипедизам по експертизата на швајцарските експерти и по изработката на нивниот мастерплан. Крушевските угостители очекуваа дека првите патеки ќе бидат изградени кон крајот на август.

 

Ова е проект поддржан од Швајцарската амбасада во соработка со крушевските угостители, поточно менаџментот на хотелот „Панорама“. Попладнево во Крушево беа промовирани заклучоците на швајцарските експерти и очекувањата на угостителите кои сакаат Крушево, освен со параглајдерството, да го промовираат и како место за планински велосипедизам.

Oсвен во туризмот, швајцарската амбасада инвестира и во други области во земјава, како што е животната средина. Моментално се подготвува програма која ќе важи од годинава, 2021, па се до 2024 година со која Швајцарија ќе одвои 20 милиона евра за проекти од повеќе области.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content