Кој ќе има приоритет за вакцинација во Македонија?

32

Појавувањето на јавните службеници на приоритетната листа наиде на револт кај граѓани кои коментирајќи му на Филипче, го прашаа од кои причини тие се од суштинско значење и зошто ги делат од приватниот сектор.

Пред две недели во интервју за Сител, претседателката на Комитетот за имунизација не ги смести јавните службеници како приоритет, туку меѓу трите најважни групи покрај медицински лица и војска полиција и логистика се и постарите лица над 65 години.

 

Здравствените работници, оние кои се грижат за функционирање на општеството – војска, полиција, пожарникари, логистика и секако оние најризичните – постарите над 65 години и хронично болните.

За вакцинацијата против Ковид 19 здравствените власти ќе бараат помош и од други сектори за транспорт, дистрибуција и чување на вакцините бидејќи планираат набавка на 400 000 дози. Но колку вакцини ќе стигнат на почетокот и кога, засега нема конкретен одговор.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content