Кој никогаш не треба да јаде лубеница

198

Лубеницата е полна со витамини и вода, а речиси е невозможно да и се одолее. Сепак, луѓето кои имаат дијабетес треба да го избегнуваат во широк круг. А најголемиот камен на сопнување е фактот што едно големо парче лубеница содржи околу 17,7 грама природен шеќер, пишува Healthline.com.

Се разбира, секој лекар ќе ви каже дека клучниот збор овде е умереноста. Ако имате само едно, мало парче лубеница, дури и ако имате дијабетес, нема да бидете изложени на ризик, но проблемите настануваат кога ќе претерате со сочното освежување и ќе внесете прекумерна количина шеќер.

Американското здружение за дијабетес препорачува да се јаде свежо, замрзнато или конзервирано овошје без додаден шеќер.

Ако се консумира во мали количини, лубеницата може да биде многу корисна дури и за дијабетичарите. Имено, содржи ликопен, пигментот кој и дава боја на лубеницата, а исто така е и моќен антиоксиданс. Ликопенот може да го намали ризикот од срцеви заболувања, а тоа е особено важно за дијабетичарите, кои имаат двојно поголема веројатност да развијат кардиоваскуларни болести.

Фото: ShuttestockБидете внимателни со сокот од лубеница

Кога зборуваме за потенцијалната опасност од консумирање лубеница, клучна работа е гликемискиот индекс.

Гликемискиот индекс (ГИ) е параметар кој покажува колку брзо шеќерот од храната влегува во крвотокот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content