СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Сопругата ,,лапа” милионски тендер од ЕСМ а сопругот директор во ТЕЦ Неготино

Управителката и сопруга Милица Стојановиќ се потпишува како одговорно лице на фирмата „Хем алијанс“ на договорот со ЕСМ заверен на 20 октомври вреден 632 илјади евра. Нејзиниот сопруг е Небојша Стојановиќ, директор на ТЕЦ Неготино, објави МКД.мк. Од РЕК Битола за порталот велат дека нема некаков конфликт на интереси и дека за тоа била потпишана дури и изјава.

,,На 20 октомври АД ЕСМ за потребите на РЕК Битола склучува договор за јавна набавка на стоки во директна спогодба со семејната фирма на директорот на ТЕЦ Неготино и висок функционер во СДСМ, Небојша Стојановиќ од Неготино, „Хем алијанс“ со седиште во Пепелиште. Сопственик на фирмата е неговиот татко, а управител неговата сопруга Милица Стојановиќ. „Хем алијанс“ се обврза во наредните 12 месеци за потребите на РЕК Битола да набавува „чисто органско биоразградливо соединение за спречување на појава на прашина од одложена пепел (РЕК Битола)“. Вредноста на овој договор со ДДВ е 39.117.000 денари. Потписник во име на РЕК Битола е директорот Пеце Матевски”, пишува МКД.

Повеќе детали за корупцискиот скандал како од учебник на овој линк.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content