Кој менаџер има бруто плата од 50.000 евра и не ја крие

28

Детално, по ставки за секој од членовите. Приходите пораснале за еден милион евра, а и добивката пораснала за 33 отсто. Минатата година е една од најтешките години од друг аспект, а поради пандемијата на корона вирусот за жал многу луѓе починаа.

Од друг аспект, сепак скопскиот погребен сервис „Бутел“ е пример за транспарентно известување на инвеститорската јавност. Во годишниот извештај достапен на информативниот сервис СЕИ НЕТ компанијата во детали ги објави бруто и нето примањата на управувачката и надзорната структура, а тоа е реткост на нашиот пазар на капитал.

 

Најголемото скопско погребно друштво лани во пандемиската година направило приходи 3 милиони евра што е за една третина повеќе во споредба со претходната година кога приходите изнесувале 2 милиони евра. Добивката на друштвото на крај на минатата година надмина 206.000 евра и тоа е за 34 отсто подобар резултат од претходната година.

Најдобро платен во „Бутел“ е генералниот менаџер Саит Хајровиќ кој има бруто годишна плата од 50.000 евра. Неговата месечна нето плата е 2.740 евра, а годишниот надоместок за членство во органот на управување изнесува 1.760 евра. Транспарентноста при објавата на примањата оди дотаму што за секој од членовите на управата и надзорниот орган се објавени дури и нето примањата за регрес за годишен одмор и новогодишниот бонус.

Сите информации се јавно достапни на следниов линк

Погребниот сервис „Бутел“ е акционерско друштво основано во 2006 година и годинава има јубилеј од 15 години постоење. Вработува 130 лица. Доминантни сопственици на компанијата се Саит Хајровиќ , кој воедно е и генерален менаџер, и поседува 52,5 отсто од акциите со право на глас и Драгољуб Гроздановски кој има 41,3 отсто од акциите.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content