Коцарев: Ги повикувам сите 120 пратеници во македонското Собрание да се изјаснат против уставните измени

47

Македонија треба да чекори по европскиот пат. Тој е единствениот пат кој нуди сигурност, економски напредок, благосостојба и извесност за сите нас и за државата. Но, на тој пат Македонците треба да чекорат единствено како горди и достоинствени Македонци. За да чекориме достоинствено по европскиот пат ги повикувам сите 120 пратеници во македонското Собрание едногласно да се изјаснат против уставните измени – тоа ќе биде мал чекор за нив, но огромен за Македонија. Ако сега кажеме не, колку и да се чини на прв поглед парадоксално и противречно Македонија ќе има повеќе шанси да биде рамноправна членка во ЕУ да опстои и да не се распадне. Во спротивно ако дозволиме уставни промени тоа ќе значи широко отворање на портите за други нови нестварни и небулозни барања што ќе повлече соочување со уште поголеми искушенија. Промената на Уставот е првото пробно дури можеби и не толку застрашувачко барање – другите посурови и позастрашувачки барања ќе дојдат подобри по започнување на пристапните преговори, смета академик Коцарев. 

Според него, што се однесува до ЕУ треба да се постави прашањето дали ЕУ воопшто размислува за проширување, вели, ако, меѓу другото се земат предвид проценките на Европската инвестициска банка дека трошоците за обнова на Украина ќе изнесуваат приближно еден трилион евра што одговара на целиот буџет на ЕУ за периодот 2021-2027 година, а Германија чиј индустриски модел, вели, почнува да пропаѓа, нема фискален капацитет да обезбеди ниту дел од оваа сума.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content