СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Пратениците дадоа зелено светло на иницијативата за референдум за образовните реформи

Пратениците на собраниска комисија едногласно донесоа заклучок дека иницијативата за референдум за образовните реформи на министерката Мила Царовска е уредна.

Тие сега треба да го известат претседателот на Собранието, Талат Џафери кој потоа ќе ја извести Државната изборна комисија да ги отвори подрачните единици за собирање на потребните 10.000 потписи.

Претставничката на Иницијативата “Учебници и настава мора да има”, Драгана Спасевска во Собранието побара Царовска целосно да го повлече предлог-законот за учебници. Една година да се работи на образовните реформи, тие да бидат познати на целата јавност и да стартуваат од наредниот 1. септември.

 

Поддршка за референдум родителите добија од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои велат дека се за дигитализација, но никако да не се укинат печатените учебници.

Од друга страна, за пратениците од СДСМ нејасно е зошто се бара референдум бидејќи велат дека реформите биле дебатирани во јавност. Пратеничката Љатифе Шиковска рече дека досега повеќе пати во јавноста било кажано оти хартиените учебници и натаму ќе се користат.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content