СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

ФОКУС: Госпоѓа Јасмина Ангелова, сопругата на директорт на ЦУК, Стојанче Ангелов, префрлена од МВР во Агенцијата за разузнавање

Сопруга на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов од Министерството за внатрешни работи, каде што беше вработена, била префрлена во Агенцијата за разузнавање, дознава Фокус.

– Според нашите информации од Министерството за внатрешни работи, Јасмина Ангелова во МВР била на функцијата државен советник во кабинет на држaвниот секретар. Од таму потврдуваат дека таа не е веќе во МВР, но на прашањето со какви квалификации е префрлена во Агенцијата за разузнавање за одговор не упатија во АР, објави Фокус утрово.

Директорот на Агенцијата, Еролд Муслиу информацијата дали Ангелова е сега во АР, ниту ја потврди, ниту ја демантираше.

Кажа дека не може да одговори на прашања поврзани со кадровскиот состав на институциите од безбедносниот сектор во нашата држава.

Извор: ФОКУС.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content