СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

„Врба” со Мариово и Трескавец во трка за наградата Најдобра филмска локација во Европа

Филмот „Врба" на Милчо Манчевски со Мариово и Трескавец во Прилепската област е меѓу петте финалисти за наградата Најдобра филмска локација во Европа.

Оваа награда ја доделува Европската мрежа на филмски комисии (EUFCN), а Прилепската област каде што се снимаше „Врба” влезе меѓу топ 5 во конкуренција со локации од 28 земји.

„Локацијата е апсолутно лик во приказната, така е во сите филмови на Манчевски. Има два вида динамика за тоа како употребата на локациите се доживува од публиката: Македонската публика се гордее со неговите филмови и ги доживува дури и како дел од националниот идентитет. Публиката во странство ги гледа филмовите на Манчевски – и локациите – како претставување на оваа мала земја, но исто така и како нешто универзално”, вели продуцент на „Врба” Јане Ќортошев во преставувањето на финалистот „Врба”.

 

На официјалниот сајт на EUFCN е отворено гласање за 5те финалисти што трае до 12 јануари 2021, а за „Врба” може да гласа на следниов линк: https://eufcn.com/eufcn-location-award-finalist-prilep-area/?fbclid=IwAR0BD5YXutm6dpCzzn0mIRPO3RcA3iI7lo8DsLazyE2DkpopYRnLdQRrUeU

„Врба” е македонскиот кандидат за Оскар за 2021 година. За една година од светската премиера на Римскиот филмски фестивал, „Врба” освои вкупно 5 трофеи, постигна рекорди во кино и тв прикажувањето дома, доби одлични критики во светските медиуми, над 20 фестивали на четири континенти, а филмот го продолжува фестивалскиот поход со несмалено темпо што времено беше запрено поради ковид-19 пандемијата.

За наградата Најдобра филмска локација во Европа останатите финалисти се: Банска Штјавница од словачкиот филм „Дракула”, Езерото Резија близу Курон од италијанскиот филм „Курон”, замокот Моритсбург од германскиот филм „Ангелите на Чарли”, црквата Пажаисли и манастирскиот комплекс околу неа во Литванија од филмот „Катерина Велика”.

Наградата на победникот ќе му биде врачена во февруари на Берлинале.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content