Конференција „ЕУ за општините“

6

Конференцијата ќе ја отвори евроамбасадорот Дејвид Гир кој воедно и ќе ја потврди поддршката што ЕУ им ја дава на општините во Северна Македонија. Договорите, пак, за кофинансирање со општините корисници на двете програми финансирани од ЕУ, ќе ги потпише министерот за локална самоуправа, Горан Милески.

Програмата „ЕУ за општините” е грантова шема со вкупна вредност од пет милиони евра, која им овозможи на осум општини да добијат грантови финансирани од ЕУ во износ од 300.000 до 800.000 евра. Покрај тоа, 11 грантови обезбедени од ЕУ беа доделени во рамки на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија. Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за соработка кофинансираат до 15 отсто од вкупните прифатливи трошоци на овие грантови. За време на конференцијата „ЕУ за општините” се очекува да бидат потпишани вкупно 19 договори за кофинансирање.

Втората цел на конференцијата „ЕУ за општините” е да се претстават тематските платформи за вмрежување во секторите кои се приоритет за општините во Северна Македонија: дигитализација, управување со отпад и урбана мобилност. Овие сектори се дел од Европскиот зелен договор и општините Аеродром, Охрид, Радовиш, Струмица, Тетово, Велес, Врапчиште и Град Скопје со помош на грантовите од ЕУ ќе подготват и спроведат соодветни иновативни решенија.

Во однос на Европскиот зелен договор, општините ќе бидат потсетени и на можноста да учествуваат на отворениот повик распишан од Делегацијата на Европската унија за доделување на наградата за зелена општина. Општините имаат можност да ги прикажат активностите со кои придонесуваат за заштита на животната средина. Повикот има за цел да ги промовира добрите практики на општинско ниво воспоставени во 2021 година во врска со управувањето со отпадот. „Најзелената” општина ќе добие награда на 05 јуни 2022 година, кога ќе биде одбележан и Светскиот ден на животната средина.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content