СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Касами: Артан Груби создава проблеми со македонските ученици

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами обвини дека Владата „на незаконски начин“ донела одлука едниот од двата објекти на старото медицинско училиште, каде што гимназијалците Македонци следат настава, да му се даде на трајно користење на Катастарот.

Како што вели Касами, тоа решение го потпишал вицепремиерот Артан Груби, со цел да се „одмазди поразот кој ДУИ го доживеа на изборите во Тетово“, додаде градоначалникот на Тетово.

Без разликата на донесеното решение кое ќе го оспориме пред Управен суд, учениците и натаму ќе следат настава во објектот, посочи првиот човек на Општина Тетово.

Според него, оваа одлука е „злонамерна тенденција на Груби да им наштети на тетовските средношколци и да создава непотребни проблеми, и тоа во време кога образованието во Тетово има потреба од модернизација и просторно проширување“.

Владата на РСМ со оваа одлука го прекрши и Законот за основно и средно образование. Во 2004 година беа направени измени во Законот за средно образование, со кои сопственоста и недвижниот имот на средните училишта се пренесува на локалната самоуправа, односно на општините, смета Касами.

– Во член 112 став 1 од Законот за средно образование се вели: Сопственоста на училишните објекти и имотот на средните училишта, од став 1 на овој член, со одлука на Владата ја презема општината, изјави Касами, според кого, со Одлуката за давање на објектот на трајно користење на Агенцијата за катастар на недвижности, Владата не само што го прекршила Законот за средно образование, туку ги погазува и сопствените одлуки.

Тој побара Владата итно да ја преиспита оваа одлука, објаснувајќи дека зградата на медицинското училиште може да се користи исклучиво за образовни цели, а никако за друга намена.

Во објектите на „Стара медицина“ се одвива настава на паралелките по македонски јазик при гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

На овој случај реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од советничката група на ВМРО ДПМНЕ при советот на Општина Тетово изјавија дека во образовниот процес треба континуирано да се вложува и истиот да се унапредува за квалитетни генерации и идни успешни граѓани.

-Последната срамна одлука на СДС и нивниот коалиционен партнер ДУИ, директно ги погодува токму нашите средношколци. На нашите ученици наместо да им овозможат солидни услови за образование, тие им ги одземаат просториите за учење, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content