Командири му платиле по 2.000 евра на затвореник кој ги измамил ветувајќи им унапредување: Вонреден надзор во Идризово

17

„Во врска со наводите на Јанко Јаневски кој отслужува 9 годишна затворска казна , дека имал уцени и закани по живот да врати 4000 евра во рок од 24 часа, Управата за извршување на санкции изврши разговор со двајца припадници на затворската полиција кои тврделе дека биле измамени од Јаневски кој им побарал по 2000 евра ветувајќи им дека ќе бидат префрлени со работа во МВР. Вкупната сума од 4000 евра му ги исплатиле на негов пријател во трговскиот центар ,,Сити мол”. Командирите по извесен период сфатиле дека се измамени и настанот го пријавиле во ПС Кавадарци.

Службените лица од Управата разговарааа и со осуденото лице Јанко Јаневски кој појаснил дека никогаш не зел пари од припадници на затворската полиција, туку напротив, дека лично тој му давал пари на Киро Димов, припадник на затворската полиција. Осудениот Јаневски парите ги добивал од спортско обложување кое се организирало во установата и на неколку наврати му позајмувал пари на Димов. Потоа почнал да му се заканува преку осудени лица за враќање на долгот во рок од 24 часа.За наводите дека припадникот на затворската полиција земал пари од Јаневски, потврдиле и две други осудени лица“, стои во извештајот на Управата за извршување на санкции.

Во однос на осуденото лице Тони Денковски за неговата поплака дека му е нарушена безбедноста и дека има закани и уцени од страна на осудени лица и припадници на затворската полиција за што е поднесена и пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, од разговорот со него тој не посочил конкретни имиња на осудени лица или припадници на затворската полиција поради што не можело да се проверат неговите наоди. За Денковски , во дневните билтени не е евидентиран некаков настан или физички напад на ова лице а преземени се и мерки за заштита на неговата безбедност, сместен е сам во соба и сам оди на прошетка.

До денот на извршениот надзор осуденото лице Тони Денковски нема поднесено барање за преместување во друга установа.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content