Колку скокна цената на горивата?

27

Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС -95 ќе изнесува 67,50 денари, 69,5 денари ќе чини литар ЕУРОСУПЕР БС -98, а 60 денари ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V). Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) и натаму ќе се продава по 59 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 денари за килограм и ќе изнесува 33,881 денари.

 

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 0,62 проценти во однос на одлуката на РКЕ од 25 месецов.

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,853 проценти, дизелот за 1,775 проценти и екстра лесното масло за 1,822 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 1,395 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,262 проценти, наведува Регулаторната комисија за енергетика.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content