Колку македонци живеат со 150 денари на ден

39

Половина милион граѓани живеат со 150 денари на ден, а власта зголемува плати на функционери додека народот страда, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Економијата и граѓаните очекуваат мерки и политики за развој, а не покачување на плати за функционери. Македонија има највисока инфлација во регионот и на врвот во Европа, а власта се што прави е замрзнување на цените на макароните или лебот, сите мерки се презадоцнети, народот плати превисока цена. Падот на реалната плата е повеќе од 3%, а власта се фали дека покачила плати на работниците, велат од партијата.

Од таму додаваат дека со СДС народот од ден во ден е се посиромашен. Тоа што пред година дена можеше да се купи со 500 денари, сега не може ниту со 1.000 денари.

 

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content