Колку ги чини родителите бесплатното образование

3

Концептот бесплатно образование во земјава подразбира дека државата ги обезбедува учебниците, се друго си купуваат родителите. Во списоците кои деновиве ги добиваат родителите од училиштата има од подлога за боење, пластелини, водени, темперни бои, палети, четки, колажи….Во некои од списоците од родителите се бараат и топ хартија за печатење, сапун, влажни марамчиња, средства за дезинфекција.

Пресметката покажува дека најниската цена која треба да се плати за прваче или второодделенче е околу 1500 денари, за поголемите до петто оделение таа стигнува до над 1600 денари. Значи, семејство со две деца од пример, прво и четврто одделение само за овие материјали треба да одвои 50 евра.

Кога на пресметката ќе се додадат и ранците, сумата ќе надмине 100 евра за две деца. Ранци има и за 600 денари, но анатомски ранец за малите грпчиња чини најмалку 1500 денари.

Но, во семејствата со четвртоодделенче математиката е поинаква. Овие ученици немаат пачетани учебници и треба да ги симнат на свој уред за да можат да учат. Затоа на сметката треба да се додаде и тоа. Министерката Царовска вели дека е пожелно секое дете да има сопствен таблет што ќе носи во школо, но и не мора.

Министерката во својата математка веројатно ги вкалкулирала најевтините таблети. Сепак, според познавачите, за да се постигне целта со новите дигитални учебници потребни се поскапи уреди што значи осумте илјади денари за едно четврто одделенче нема да бидат доволни.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content