СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Македонскиот пасош на 45-то место, со него без виза се патува во 124 држави

ОД 199 ЗЕМЈИ НА ЛИСТАТА НА „ХЕНЛИ ПАСПОРТ“ Македонскиот пасош на 45-то место, со него без виза се патува во 124 држави Македонскиот пасош се најде на 45 место на листата на земји во светот според бројот на држави во кои македонските граѓани можат да влезат без виза. Носителите на македонски пасош, како што покажува „Хенли паспорт“ индексот за првиот квартал од 2021 година, без виза можат да патуваат во 124 држави во светот.

Македонија 45-то место го дели со Црна Гора. На врвот на листата е рангирана Јапонија, со чијшто пасош без виза може да се патува во 191 земја од вкупно 199 колку што ги има на листата. Зад Јапонија е Сингапур со слободен влез во 190 земји, а веднаш потоа и Германија и Јужна Кореја со чии што пасоши може слободно да се патува во 189 земји во светот. САД го споделеуваат седмото место на ранг-листата со безвизен влез во 185 држави.

Од земјите во регионот највисоко е рангирана Грција, којашто го дели осмото место и слободен влез во 184 земји. Словенија е на 12 место и слободен влез во 180 држави, Бугарија и Хрватска го делат 18-то место за слободен влез во 171 земја, Србија е на 38 место со безвизен влез во 134 земји, Босна и Херцеговина е 49-та со влез во 117 земји, Албанија на 52 место и влез без виза во 114 земји, а Косово го споделува 102-то место со слободен влез во 40 држави.

 

На дното на листата се Сирија, Ирак и Авганистан.

„Хенли паспорт“ индексот е рангирање на сите пасоши во светот според бројот на дестинации до кои нивните носители имаат пристап без виза. Рангирањето се базира на ексклузивни податоци од Меѓународната асоцијација на воздушен транспорт којашто ја има најголемата и најточна датабаза за патувања во светот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content