Кај граѓаните што скенираат сметки месецов ќе легнат близу 500 милиони денари

39

Речиси 500 милиони денари овој месец ќе легнат на сметките на граѓаните по основ на поврат на ДДВ, врз основа на скенирање сметки преку МојДДВ во текот на третото тримесечје и за време на мерката Викенд без ДДВ што се реализираше на 10, 11 и 12 октомври, како дел од четвртиот пакет антикризни мерки. За третото тримесечје повратот е 430 милиони денари, додека од Викендот без ДДВ нешто над 63 милиони денари.

Во текот на ноември Управата за јавни приходи ќе спроведе исплатата за финансиски средства по основ на враќање на дел од данокот за додадена вредност за месеците јули, август и септември 2020 година, согласно Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физички лица, информираат од Управата за јавни приходи.

 

Оттаму додаваат дека во текот на ова трето тримесечје во месеци јули, август и септември 2020  остварен е промет од  29,8 милијарди  денари, од кои прометот од македонски производи изнесува  7,8 милијарди денари, а прометот од останати производи изнесува  21,9 милијарди денари.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content